Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни лица –кои имаат активна само обновлива претплата на еден од горе наведените пакети, а на која се претплатиле преку веб страна на Организаторот или преку продажните партнери Македонски Телеком АД и А1 Македонија ДООЕЛ.
Активната само обновлива претплата претставува потврда врз основа на која учесникот се стекнува со право на учество во наградната игра.
Организаторот определува системски број на секој корисник со склучена претплата и при извлекувањето, добитникот ќе биде извлечен по бројот на склучениот договор.
Доколку биде извлечен добитник кој не ги исполнува условите, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на Наградната игра.
Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди предвидени во Наградната игра.
Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата
contact@svod.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:
– веб страната на Организаторот:
https://gley.mk/
Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.